Шведска бара од Иран без ограничување да соработува во истрагата за соборувањето на украинскиот патнички авион во близина на Техеран, при што загинаа 176 патници и членови на екипажот.
– Фактот дека авионот е соборен е ужасен и застрашувачки. Соборување на цивилно летало, без разлика дали е случајно или не, е чин кој мора да се осуди и Иран треба да преземе целосна одговорност во однос на оние кои се погодени со тоа, порача шведскиот премиер Стефан Ловен.
Меѓу жртвите во несреќата имало и десет шведски државјани, како и уште седум лица кои имале дозвола за престој во таа скандинавска земја.