Француската влада е „подготвена привремено да ја отстрани клучната возраст од 64 години од законот за пензиски реформи додека го задржува принципот на урамнотежена возраст“, напиша премиерот Едуард Филип во писмото испратено во саботата до синдикатите и организациите на работодавачи, јавува дописникот на МИА.
-За да ја демонстрирам мојата доверба во социјалните партнери и без предрасуди за исходот од нивната работа во врска со мерките што треба да се преземат за постигнување финансиска рамнот
Премиерот, исто така, посочува дека конференцијата за финансирање ќе ги донесе своите заклучоци до крајот на април. Овој распоред ќе овозможи заклучоците од конференцијата да бидат земени во предвид пред гласањето за нацрт-законот за реформа на пензискиот систем во второто читање. Шефот на француската Влада, исто така, предлага оваа конференција, предложена од синдикатот ЦФДТ, да биде претседавана од Жан-Жак Марет, поранешен генерален директор на Ажирк-Арко.
Франција денес го живее својот 38-ми ден од штрајкот против реформата на пензискиот систем на владата. Во четвртокот на улиците излегоа околу половина милион демонстранти, од кои 56. 000 само во Париз. Според Министерството за внатрешни работи, мобилизацијата е поголема од онаа на 10 декември, но помала од таа на 17 декември и особено од 5 декември, кога беше почетокот на протестите и штрајковите.
Синдикатите се надеваат на „масовни демонстрации“ оваа сабота низ цела Франција, со стравување од нови судири со полицијата, со оглед дека демонстрациите во Париз во четвртокот беа одбележани и со насилство, за кое е обинета и полицијата, по што е отворена и истрага од јавното обвинителство.
И денешниот ден на протести започна со спорадични судири на полицијата, треба да се знае дека демонстрациите на синдикатите се совпаднаа со 61 чин на мобилизација на жолтите елеци.
Интер синдикалната координација повика да продолжи социјалното движење и во вторник, што значи дека евентуалниот компромис меѓу владата и прогресивниот синдикат ЦФДТ нема да значи веднаш прекин на штрајкот во Франција, бидејќи двата синдикати ЦЖТ и ФО бараат повлекување на реформата за пензискиот систем.