Поранешниот потпретседател Џо Бајден е најпосакуваниот демократски кандидат за претседател меѓу афроамериканското население на национално ниво во САД, се дознава од најновата анкета на „Вашингтон Пост“ – Ипсос.
Популарноста на Бајден е благодарение на неговите успеси во државничката функција при поранешниот претседател Барак Обама, и убеденоста на овие гласачи дека тој може да го победи актуелниот претседател Доналд Трамп.
Сенаторот Берни Сандерс е на второ место по популарност меѓу афроамериканците во САД и тој води кај црнечкото население под 35 години возраст.
Сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен, е на трето место.
Пит Бутиџич, градоначалник на Саут Бенд, Индијана, води помеѓу белото население во Њу Хемпшир и Ајова, но неговата популарност меѓу црнечкото население на национално ниво е само два отсто, се дознава од најновата анкета на „Вашингтон Пост“ – Ипсос.
„Вашингтон Пост“ е водечки национален дневен весник во САД. Ипсос е француска консултантска фирма.