Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, се стави во одбрана на голманот Оспина, кој згреши при погодокот на Чиро Имобиле, кој му донесе победа на Лацио со 1:0 во дуел од 19 коло на Серија „А“. коло.
Колумбиецот му дозволи на домашниот напаѓач да му ја одземе топката во шеснаесетникот, по што реализираше Имобиле.
– Оспина го направи она, што го сакав – да игра како дополнителен играч со нозете. Јас би бил лут ако тој само ја расчистеше топката на трибините. Дозволуваме смешни голови уште од кога станав тренер, но гледам напредок и ние сме на вистинскиот пат. Ни треба серија на добри резултати за да ја вратиме довербата. Сега размислуваме премногу и гледаме во пласманот, но само треба да играме. Тимот е многу квалитативен, прокоментира Гауто.