Охридските нуркачи од нуркачкиот центар „Амфора“ на необичен и атрактивен начин ја најавија Новата година според Јулијанскиот календар односно Православна Нова година.
Тие крај Музејот на вода го запалија традиционалниот оган.
Со ова нуркачите на православните христијани им ја честитаа Василица и се вклучија во организацијата на Охрид во празнувањето на престојните празници Водици и Свети Јован Крстител, Денот на рибарите.