Христијан Мицкоски вечерва на состанок на ИК реферира за денешната лидерска средба, позициите и преговорите со премиерот Зоран Заев.
Според најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се дискутира и за опцијата којашто ја најави премиерот за референдумско прашање, како и за најавата дека референдумот ќе биде консултативен.
Инаку, по денешната лидерска средба, составот на ДИК, претстојниот есенски референдум за името, и формулацијата на референдумското прашање – и натаму остануваат без конечен договор, иако за дел од темите – приближување во ставовите има, на кои ниту премиерот ниту лидерот на опозицијата не открија.
В недела или понеделник наутро разговорите продолжуваат, а лидерите очекуваат конкретни решенија. Компромис за стратешките цели нема, амнестија директна или индиректна нема ова беше пораката која по четиричасовната средба ја испрати премеирот Зоран Заев, додавајќи дека на наредната средба очекува од разговорите да произлезе договор и за формирање и имплементација на ДИК.
Според Билал Касами од Беса, државата е во многу критична состојба и сите треба да придонесат за да продолжи процесот за интеграција.