Шеесет и тригодишен жител на Македонски Брод бил повреден од проектил испукан од невнимание од 50-годишен ловочувар, негов сограѓанин, по што е донесен во Здравствен дом во таа општина.
Случајот бил пријавен вчера во 9.50 часот во Полициската станица во Македонски Брод. Како што соопшти МВР, С.П. (63) бил повреден од огнено оружје во одгледувалиште на диви свињи во атар на селото Грешница.
– Т.Т. (50) од Македонски Брод, вработен како ловочувар, поради невнимание испукал проектил кој го погодил С.П.. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица од Македонски Брод и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР во полицискиот билтен.