Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Русија во моментов не ги исполнува своите обврски согласно договорите за Идлиб, што беа постигнати во Астана и Сочи, јавија руските медиуми.

– Во последните во Идлиб се интензивираа нападите од страна на режимот, кој има поддршка од Русија. Во моментов, Русија не го исполнува она што е договорено во Астана и Сочи. Нашето трпение се троши. И кажавме на Русија дека доколку не запре бомбардирањето, ние ќе го направиме она што сметаме дека е неопходно, рекол Ердоган а го цитираат руските медиуми.