Oбвинетиот во случајот „Рекет’, Бојан Јовановски денеска даде рачно напишано писмо на судијката Васка Николовска Масевска.

„Барам да бидам изведен пред републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, поради наводите за кривичните пријави кои ги најави вчера“, изјави Јовановски.

Тој додаде дека тука се наводите и за кривичната пријава за обвинителката Вилма Русковска.

Судијката рече дека ќе го проследи писмото до Јовески.

Рускоска повика ако Јовановски има сознанија за корупција, да пријави.

Таа верува дека полицијата професионално ќе си ја заврши работата.

Јовановски вчера спомна корупција од 4 милиони евра, а според него пријави ќе имало и за 18 луѓе.