Натали Вајвер нарачала зелен фустан М-величина од популарната страница Pretty Little Thing, кој го платила 15 фунти, но, со она што го добила, таа не ќе може да се појави во јавност.

На оваа Британка од 160 см и пристигнал фустан, кој повеќе личи како да бил нарачан од одделот за деца. Фустанот е толку краток што не и ја покрива ниту долната облека.

„Нарачав фустанот дури и поголем број, за да се уверам дека ќе биде соодветен да одам на куглање со семејството“, рече Натали и додаде дека нејзината фотографија во фустанот предизвикала смеа кај нејзините пријатели.

Таа истакна дека повеќе нема да нарачува облека од оваа страница, а од Pretty Little Thing се уште не се огласија, иако Натали не е прва клиентка со лошо искуство од таа компанија.