Ја вративме слободата, а бевме земја каде се прислушуваа граѓаните за да се врши репресија, притисоци, политички и изборни криминали, објави бившиот премиер Зоран Заев.
– Пратеници беа тепани во Собранието, а луѓето говореа со шепот. Ја вративме слободата на говорот и слободата на медиумите. Граѓаните веќе не шепотат, туку гласно зборуваат. Тоа е главна одлика на демократските општества, објави Заев на Фејсбук.