Турски воен конвој ја помина границата со Сирија. Во конвојот има 40 оклопни возила, меѓу кои и тенкови, јави телевизијата Ал Арабија.
Конвојот влезе во Сирија на преминот Кафр Лусеин во северната сириска провинција Идлиб.
Истата телевизија пред пет дена објави дека турски конвој од 30 возила со опрема ја премина границата со Сирија.
Идлиб е единствената територија во Сирија, која сè уште е под контрола на вооружени нелегални групи, а во покраината има 12 турски набљудувачки места.