Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во пет сета славеше победа против Австриецот Доминик Тим со што ја одбрани титулата на отвореното првенство во Австралија.
Ѓоковиќ по осми пат ја освои титулата во Австралија, со што станува рекордер кај мажите. Досега има освоено 17 грен слем титули. Со оваа титула тој се враќа на првото место на АТП листата.