Освен пензионерите во сомнителна политичка (зло)употреба се и најмладите, но за тоа оставаме да кажат што мислат експертите, институциите и асоцијациите за заштита на децата од користење во партиско-политичка пропаганда.

– Вложуваме во младите и во иднината на државата, не во барок и споменици. Младите се најголемите поддржувачи на нашата европската иднина и тие најдобро знаат во кој правец треба да се движи нашата земја, објави бившиот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

На фотографијата Заев со срдечно „ајде да пукне“ се поздравува со дете. Дали е во ред дете да се користи во својата партиско-политичка пропаганда, нека кажат тие што се задолжени за заштита на децата.