САД од утринава почнаа да ги повлекуваат своите воени единици од Ирак, јави саудискиот телевизиски канал „Aл Арабија“.
Според информација на медиумот, Американците почнале да ги повлекуваат своите војници од 15 воени бази, што се наоѓаат на територијата на оваа блискоисточна земја.
Потврда веста засега нема од независен извор.
Пред еден месец, по убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Багдад во воздушен напад со дрон од страна на американската војска, ирачкиот Парламент донесе одлука за повлекување на американската војска од нивна територија.