Мизрахи во Берово во инспекциски надзор за бремено девојче на 11 години

/ 10.02.2020

По доставена претставка до Министерство за труд и социјална политика, денеска дојдовме во Берово заедно со инспекција од МТСП за вонреден инспекциски надзор и направиме увид за одреден случај. Имено се работи за 11 годишно девојче кое што на 24 јануари е донесено во Берово од Центарот за социјални работи во Кочани, штитеничката е моментално во мал групен дом, згрижена е, вели министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

-Имено се работи за 11 годишно дете кое е во поодмината фаза на бременост, имено 6 месеци е бремена. За жал немаме акционен индивидуален план за работа за оваа штитеничка и системот генерално затаил. Затоа апелирам дека треба да се изработи стандардна оперативна процедури со кои што ќе можеме интервентно да реагираме во вакви случаи!, додава Мизрахи.


Од истата категорија