Предмалку во канцеларијата на Али Ахмети се одвивало средба на која присуствувале Али Ахмети, Талат Џафери и Зоран Заев, дознава Курир.

Кај Талат Џафери на состанок пристигнала и Рената Дескоска.

Според изворите на Курир тие на средбата треба да се усогласат за разликите во текстот на законот за обвинителство кој вчера бил усвоен од Владата. Клучно спорно прашање е зошто денес во Собранието пристигнал Предлог закон со изменета, поинаква содржина од онаа што Владата веќе ја изгласала.