Христијан Мицкоски во своето гостување на Алфа зборуваше за донесувањето на Законот за Јавно обвинителство при што посочи дека тој нема информација дека Зоран Заев има обезбедено 80 пратеници за да се изгласа овој закон.
-Со оглед на однесувањето луѓето внатре во парламентот и она што го добивам како информација од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на парламентот тоа е дека парламентот на се личи, само на парламент не. Таму се договараат, преговараат услови за сега, за утре, за задутре, за лични работи, за најтесни семејства, просто не можам ни да кажувам што се слушам дека се договара, тоа е толку примитивно така што воопшто не би се спуштал на тоа ниво да дискутирам и коментирам, истакна претседателот Мицкоски во своето гостување.
Мицкоски во врска со донесувањето на Законот за ЈО во Сoбранието го додаде следново:
– Oва е само показна вежба што ќе се случува после 12 Април кога ќе изгуби Зоран Заев, на што се е подготвен само за да остане таму каде што е и само за да може да се спаси од одговорност за криминал и корупцијата во овие три години. Така да еве нека судат и нека гледаат граѓаните каков примитивизам и каква декаденција денеска е присутна а во државата.