Еден килограм запленет кокаин, кој бил дел од многу голема количина дрога, чија крајна дестинација била нашата земја, приведени четири лица, отворање на финансиска истрага за правното лице во чии простории е пронајдена дрогата, истрага за евентуална вмешаност на други физички и правни лица, засега се резултатите од вчерашната акција на полицијата во селото Крушопек во скопски Сарај.
Ова денеска на прес-конференција го изнесе министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој не сакаше да каже за колква количина на дрога станува збор, со оглед на тоа што некои медиуми излегоа со написи дека вкупно пратката содржела 1,3 тони кокаин, нагласувајќи дека во моментот во интерес на истрагата не може да кажува официјално такви податоци, но напомена дека станува збор за „многу, многу голема количина“.
Тој истакна дека дрогата била по потекло од Колумбија, а кокаинот е пронајден во магацин за овошје на правното лице Банекс компани ДООЕЛ.
Операцијата се спроведувала од 17 до 19 февруари, а до доцна синоќа Единицата за специјални операции вршела претреси во магацинот на Банекс компани ДООЕЛ, која во 120 наврати извршила увоз на овошје во најголем дел од Колумбија, а во помал обем и од Еквадор.
-Одделот за сузбивање на организиран и сериозен организиран криминал, Единицата за недозволена трговија со дрога во период од 17 до 19 февруари 2020 година во координација со јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, а во рамки на меѓународна полициска соработка во која беа вклучени повеќе земји реализираше акција за недозволена трговија со дрога, при што во скопското село Крушопек беше запленет еден килограм кокаин, кои се само дел од поголема количина, која треба да заврши во нашата држава, рече Чулчев.
Околу девет часот синоќа на граничниот премин Ќафасан – Струга е евидентирано товарно моторното возило Ивеко влекач и приколка, управувано од 31 годипниот Ј.К. државјанин на Црна Гора, кој по завршувањето на царинските формалости се упатил во Крушопек. Полицијата по претходно обезбедена судска наредба извршила претрес во магацинот за овојше и во моментот на пристигнувањето на камионот таму бил Ј.Е. (22) син на сопственикот на правното лице, кое е краен примач на стоката и Р.И. (51) , кој бил вработен во магацинот и вршел истовар на робата. Четириесет и седум годишниот сопственик С.Е. од Скопје во меѓувреме исто така пристигнал во правното лице. Сите тие се лишени од слобода и се во полициска станица, а денеска ќе бидат изведен пред судија на претходна постапка.
-При извршениот детален претрес во еден од пакетите било пронајдено правоагаолно пакување со бела прашкаста материја, кое била залепена со зелена трака, рече Чулев и доаде дека во операцијата се одземени мобилни телефони, околу три илјади евра, 700 долари и 188 илјади денари, Ивеко товарното возило, заедно со 98 пакети банани, документација, технички уреди, рече Чулев.
Нагласи дека деновиве МВР ќе преземе опсежни мерки за известување на земјите низ кои поминал транспортот, а освен меѓународни активности МВР ќе преземе и активности за останатите физички и правни лица кои евентуално се во корелација со ова правно лице. Тој додаде дека во текот на денот ќе има и финансиска истрага кон правното лице.
Операцијата, повтори Чулев е меѓународна, но тој не сакаше да споменува конкретни држави кои се вкчучени во операцијата заради заштита на истрагата.