Вчера цел ден на социјалните мрежи се тераше мајтап со Фондот за иновации, по информацијата за тоа кој се добил пари, вклучувајќи и некоја фирма за која е наведено дека има проект за реинкарнација. Фондот го води Јован Деспотовски, а еве како ни е претставен:
Јован Деспотовски е дипломиран економист на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и постдипломец по меѓународни односи и дипломатија на Универзитетот „Американ Колеџ“ – Скопје. Има богато искуство во областа на стратегиско планирање и координација на програмите за градење на капацитет финансирани од Владата на Р. Македонија и од странски донатори. Како раководител на Сектор во Секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Македонија учествувал во реализација на значајни проекти и тоа: реализација на Коридорот X, соработка со меѓународни финансиски институции, програмски координатор на Канцеларијата за национална помош, ја предводел работната група за составување на Прашалник на ЕК за апликација на Р.Македонија за членство во ЕУ од областа на економијата, со што Македонија добива статус на земја членка на ЕУ. Тој е ко-оснивач на МЕНСА.
Тоа е објавено на сајтот на Фондот. Инаку, Деспотовски е назначен за нов директор на Фондот за иновации и технолошки развој во август минатата гпдина. Тој е долгогодишен член на раководството на СДСМ и еден од најблиските соработници на Радмила Шеќеринска со која работеше во Секретаријатот за европски прашања.