Нема нов случај на заразен со коронавирус во земјава. Тестирањата направени вчера доцна попладне и вечерта се негативни, вели извор од здравствените власти. Наскоро се очекува и официјална потврда на овие информации, пишува порталот 360stepeni.mk
Вчера попладнето беше тестиран возачот на комбето со кое од Италија во Македонија се врати жената кај која беше констатирано присуство на коронавирусот откако се пожалил на болки во градите и кашлање. Тој веднаш беше ставен во изолација во струмичката болница додека се чекаа резултатите од тестот, кој се покажал негативен.
Коронавирус нема ни виничанецот кој со хрватска државјанка се пријави во штипската болница, а потоа побегна. Подоцна, со помош на полицијата, беа лоцирани и вратени во изолација. И тестот кај виничанецот бил негативен.