Враќањето во игра на Стеф Кари ќе биде одложено некое време, објавија од Голден Стејт Вориорс.

Се очекуваше бекот да го запише својот прв настап вечерва по 4 месеци пауза против Вашингтон, но тоа не се случи.

Тимот од Калифорнија објави дека стрелецот не е во состојбата, во која се очекуваше да биде и неговото враќање ќе се случи „во одреден момент во март“.

Кари се повреди а почетокот од кампањата кога доби скршеница на раката и мораше да биде подложен на операција. Тој оттогаш не играл, а без него „воините“ го имаат најлошиот скор во НБА – 12-47.

„Стеф не беше особено задоволен од нашата одлука, но исто така разбра дека треба да бидеме што е можно повнимателни. Тој сакаше да игра, но не треба да брзаме и да му дадеме уште некое време“, рече тренерот Стив Кер.