Законот за јазици јасно дефинира дека во подрачните единици на централните институции кои покриваат најмалку една општина во која албанскиот јазик е службен, односно се над 20 проценти и во таа институција албанскиот јазик е службен, одговори денеска на прес-конференција вицепремиерот Бујар Османи прашан за изјавата на Зоран Заев дека во Струмица ќе се отстрани двојазичната табла.
Османи ги упати сите кои имаат дилеми каде треба да биде двојазнича таблата да се обратат во една од двете институции, односно Агенцијата за јазици и Инспекторатот.
– Нема потреба политичарите да коментираат дали и каде да стојат двојазнични табли. Тоа значи дека институциите централни во Прилеп кои ги покриваат општините Долнени, институциите во Велес кои ги покриваат општина Чашка или Фондот за здравство во Велес кој го покрива општина Липково се двојазнични, појасни Османи.
Заев денеска на партиска прес-конференција рече дека бил информиран оти на Јавното правобранителство во Струмица стои двојазична табла и дека очекува веднаш да ја отстранат, затоа што во Струмица немало повеќе од 20 отсто граѓани од албанска националност. Претседателот на СДСМ информираше дека во Кочани веќе била отстранета двојазична табла како и во некои други места. Според него, законот треба да се применува низ призмата на практичната потреба, а не за исилување на една заедница врз друга заедница.