Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска промовираше мерки кои ќе ги реализира ВМРО-ДПМНЕ во областа на образованието и културата.
-Се обрзуваме на обнова која ќе опфати изградба на нови 20 и реконструкција на 50 училишта низ државата. Повеќе училишта за подобри услови и поквалитетно образовние. Новите 20 училишта и реконструкцијата на 50 постројни ширум државата ќе значи пристојни услови за работа и инвестирање во идните генерации. Голем дел од постојните училишта функционираат во супстандардни услови и тоа мора да се промени. Се обрзуваме на обнова која ќе донесе поголеми примања за Универзитескиот наставен кадар. И тоа воспоставување на методологија со која ќе се обезбеди до 100 000 денари плата за редовните универзитетски професори, до 80 000 денари плата за вонредни професори, до 60 000 денари плата за доценти и до 45 илјади плата за асисистентите на факултетите. Квалитетното високо образование подразбира инвестирање во подобри услови за работа, средства и други лабораторски ресурси, но и мотивиран кадар. Токму со оваа мерка ќе се стимулира квалитетот и мотивацијата на универзитетскиот наставен кадар, изјави Мицкоски
Тој додаде дека како партија, која претендира да дојде на власт се обврзуваат на обнова која ќе значи поголеми плати за професорите во основното и средното образование.
-Односно плата до 36. 700 денари согласно Колективниот договор кој е важечки и кој оваа влада не го исполни, односно предвиденото зголемување кое го скрати. Се обрзуваме на обнова која ќе опфати средно стручно образование во функција на стопанството, односно Дуално средно стручно образование. Ќе пристапиме кон проширување на дуалниот систем на стручно образование по принципот учење преку работа на реално работно место, кој ќе развие и стручни компетенции и вештини за адаптирање во работниот процес. Ваквата реформа ќе овозможи брзо вработување на стручниот кадар во компаниите во Република Македонија, со соодветно вреднување на трудот на работниците и се разбира ќе го намали иселувањето на младите луѓе од нашата татковина-рече Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека се обврзуваат на обнова која ќе овозможи Универзитет во првите 1000 според Шангајската листа за квалитет.
-Денес нема Универзитет кој е меѓу 1000 најдобри во светот. Македонија не постои на мапата за квалитет во високото бразование. Ние тоа ќе го овозможиме со најмалку еден универзитет кој според својот квалитет ќе се рангира на Шангајската листа. Се обрзуваме на обнова која ќе донесе зголемување на инвестициите во образованието од 3.7% на 5% од БДП што ќе значи повеќе пари во образованието – нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него состојбата на образованието е незадоволителна, неопходно е за оваа област, која е темел и столб на нашата иднина да се одвојат повеќе средства од буџетот.
Покачувањата на стапката од 3.7% на 5% ќе овозможи спроведување на неопходните вистински, не само декларативни реформи во образованието, посочи Мицкоски.