Американскиот Стејт департмент одобри можна продажба на Полска на противтенковски ракетни системи „Јавелин“ за 100 милиони американски долари, вклучувајќи 79 минофрлачи и 180 ракети, соопшти американското Министерството за одбрана.
Од гледна точка на Вашингтон, договорот е во интерес на САД „затоа што ја зајакнува безбедноста на партнер и сојузникот на НАТО“.
„Продажбата ќе и помогне на Полска да го изгради својот долгорочен одбранбен потенцијал за да го заштити својот суверенитет и територијалниот интегритет“, се вели во соопштението на Министерството.
Американската администрација официјално го извести американскиот Конгрес за својата одлука. Законодавниот дом на САД сега има 30 дена да го разгледа овој нов воен договор и да го одобри, или евентуално да го блокира.