Ние одиме напред во ЕУ и НАТО, а ВМРО-ДПМНЕ се против, изјави денеска бившиот премиер и лидерна СДСМ, Зоран Заев.
– Мицкоски и понатаму е извршител на Груевски. Тоа е партија пред стечај, која брани криминали додека во неа сѐ уште седат стари и познати ликови кои креираат мрачни политики. Тие се против ЕУ и НАТО. За такви нема гласови, нема поддршка, нема иднина. Ние одиме напред! Можеме уште повеќе, и уште подобро, објави Заев на својот профил на Фејсбук.