Премиерот Оливер Спасовски денеска на прес-конференција соопшти дека утрово разговарал со лидерите на политичките партии и дека до 22 март ќе има мораториум на сите активности имајќи ги предвид претстојните избори закажани за 12 април.

– Утрово искомуницирав со сите претседатели на партии и ме информираа дека се ставени во мораториуми сите активности на политичките партии, и тоа е добра порака дека за сите нас здравјето на грашаните и поважно од што било друго. Тоа ќе трае до 22 март, изјави на прес-конференција Спасовски.

Како што кажа, тој разговарал со лидерите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на Алијансата на Албанците Зијдаин Села, на Беса Биљал Касами…

Според Спасовски, најсилната порака до граѓаните во овој момент треба да ја пратат политичките субјекти.