Францускиот премиер Едуард Филип ја предупреди Велика Британија дека мора поодлучно да се бори против коронавирусот.
Франција од денеска е во целосна блокада, слични потези повлекоа и Италија, Шпанија, Белгија и уште неколку земји од Европската унија. Лидерите на земјите од ЕУ синоќа преку видоеконференциска средба донесоа одлука за затворање на надворешните граници на Унијата на 30 дена.
-Италија, Шпанија и другите земји воведоа строги рестрикции. Но, Велика Британија и натаму не презема вистински мерки и продолжи ли така, тешко дека нејзините граѓани ќе ги пуштиме во Франција, рече Филип.
Во Велика Британија во моментов има 1.950 заразени , а 67 лица умреа. Но, Борис Џонсон се уште не прогласил мерки слични на оние од остатокот на Европа, туку само на граѓаните им предложи одбегнување непотребен контакт со други луѓе и избегнување на турканици.