Рускиот претседател Владимир Путин  денеска изјави дека е премногу рано да се размислува за неговиот статус по 2024 година, кога истекува неговиот тековен мандат.

– Секој иден одговор ќе зависи од стремежот и аспирациите на народот, рече Путин во интервју за ТАСС.

– Не знам, ќе видиме. Јас сум уште четири години и немам одговор во моментов, рече Путин на прашањето за неговиот статус по 2024 година.

Според него, најважен е ставот на мнозинството граѓани. – Тоа е прашање на доверба, рече Путин.

Вториот, шестгодишен мандат на Путин истекува во 2024 година. Путин (67) е на власт во Русија повеќе од 20 години.