Холандскиот премиер Марк Руте испрати порака до граѓаните дека нема недостиг од тоалетна хартија.

– Холандија има доволно тоалетна хартија за наредните десет години, рече Руте.

Минатата недела, Холанѓаните масовно правеа залихи на тоалетна хартија. Полиците во продавниците постојано се дополнуваат.