По две недели минати во болница заздравува новороденчето зарзено со коронавирус во Италија, јавија италијанските медиуми, додавајќи дека бебето е отпушено од клиниката во Бергамо.
Машкото бебе е родено здраво на на 11 февруари, но на 3 март било примено во болница заради висока температура, по што се покажало дека и тоа и неговата мајка се позитивни на коронавирус.
Бергамо, на северот од Италија, е еден од најзгрозените градови во земјата, бидејќи во него се регистрирани најголемиот број заразени и смртни случаи.