Словенечката Влада е пред носење одлука со која движењето на граѓаните ќе се ограничи исклучиво во општините каде што живеат, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Одлуката, според најавите, треба да стапи на сила наредните денови, а се прави со цел спречување на ширењето на коронавирусот.
Портпаролот на Кризниот штаб во борбата против вирусот Јелко Кацин изјави дека одредбата ќе биде, како што рече, колку што може по хумана.
– Новите правила за движења ќе бидат такви, за да не ви се попречи одењето на работа, да не ја попречи грижата за старите лица и за сите оние на кои им е потребна помош, а не живеат во вашата општина, изјави Кацин.
Според него во овој момент одредбата се подготвува ос страна на повеќе институции со цел таа успешно да функционира.