Во Албанија дијагностицирани се шест нови случаи на заразени со коронавирус, со што вкупната бројка се зголеми на 76 лица.

Новите случаи се од двата најпогодени градови, Тирана и Фиер,кои биле во контакт со претходно потврдени позитивни пациенти.

„Во последните 24 часа направени се 46 тестирања, при што кај шест од нив покажан е позитивен резултат. Пет од нив се од Тирана додека еден од Фиер. До денеска заразени се вкупно се 76 лица. Најголем број од заразените или 55 лица се од Тирана, осум од Фиер, пет од Драч, по две лица од Љушња, Елбасан и Рогожина, по еден од Каваја и Патос, стои во соопштението на министерството.

Се додава дека двајца од пациентите заразени со „Ковид19“ се излекувани, додека двајца починале.

Според министертвото, 59 отсто од заразените се мажи, додека 41 отсто жени. Од 37-те пациенти кои се хоспитализирани во Инфекитвната клиника во Тирана, четворица се на интензивна терапија.

До денес тестирани се 778 сомнителн случаи.

Покрај бројот 127 министертвото од денес го воведува и бројот 08004040 на кој граѓанте може да се јавуваат за информации околу коронавирусот.