„Да си ги продадат мерцедесите и да им дадат плати на работниците.“ Тоа е изјавата на бугарскиот премиер, Бојко Борисов. Тој истакнал дека наместо тоа, тие само бараат пари од државата и се жалат дека немало мерки.
„Нема спор дека ќе и помогнеме на економијата… Не спијам навечер, мислам како да не влеземе во рецесија“, истакнал Борисов, пренесува бугарски Стандард.
Тој изјавил дека не знае колкава ќе биде вкупната помош за економијата, зашто не знае колку време ќе трае епидемијата.
„Имаме вишок од седум милијарди, што можеме да ги потрошиме. Имаме можност да земеме пет милијарди заем, но што сакате – да ги потрошиме и после што?“, запрашал тој.
Нема како да бидеме побогати во вакво време, рекол Борисов и продлжил. „Но што прават олигарските во меѓувреме? Сите отидоа на скијање во Франција, во Куршавел, а сега се вратија и бараат пари. Тоа нема да биде“, рекол Борисов.