Албанскиот претседател Илир Мета ќе го свика Националнот совет за безбедност,на која ќе стане збор за состојбата со коронавирусот и мерките на Владата.
На средбата ќе биде поканет и лидерот на најголемата опозициска партија, Демократската, Љуљзим Баша.
„Во рок од два дена ќе го свикам Советот за национална безбедност и ќе го поканам и шефот на опозицијата, Љуљзим Баша, да биде присутен, да слушне што ќе се комуницира, но и да ги сикаже своите размислувања за оваа ситуација, рече Мета гостувајќи во емисјата „Опен“ на телевизијата Топ чанел.
Исто така, ја остави отворена можноста за средба со сите политички партии за да даде порака до граѓаните за време на ова тешко време како последица на пандемијата на коронавирусот.
-Без сомнение може да биде неопходно и верувам, ќе има вакви случувања, во интерес не само да се достави визуелна порака, туку да се направи проценка на состојбата во која се наоѓаме и да имаме појасна перспектива според сите сценарија, како пандемија, така и економската состојба која има последици, рече претседателот Мета.
Мерките на Владата тој ги оцени како многу значајна реакција и додаде дека тие треба целосно да се спроведат.
На прашањето дали се подобри мерките на Владата или оние кои ги предлага опозицијата Мета рече дека е важно што има посветеност од двете страни.
-Не е прашање за мене, зашто јас не сум судија. За мене е важно што постои чувство на посветеност и од опозицијата. Но, владата, исто така, зеде во предвид некои предлози на опозицијата. Гледам заеднички интерес за заштита на сите граѓани,одговори Мета.
Меѓу другото кажа дека се тестиран за коронавирус со цел да биде сигурен да не е случајно заразен од невнимание.
Одговарајќи на прашањето во монетгот каде се неговите деца кои се школуваат во странство рече дека во моментот се дома во карантин и оти следат онјалн настава. Неговиот ден, пак, додаде,минува на релација кабинет- домот каде што живее овие денови и оти контактите ги редуцирал на минимум.