Од првиот земјотрес со јачина од 5,5 степени на Рихтер, што го погоди Загреб и околината во неделата наутро, па се до полноќ во понеделникот, хрватската сеизмолошка служба регистрирала вкупно 74 земјотреси.

Повеќето земјотреси, дури 42, биле со интензитет од два степена по Рихтеровата скала.

Уште 23 регистрирани потреси биле со интензитет 2 до 3 степени, шест земјотреси биле од 3 до 4 степени, еден бил на границата од пет, а првиот и најразорниот бил со 5,5 степени.

Последниот земјотрес го почувствуваа граѓаните на Загреб и околината вчера во 20.49 часот и беше со јачина од 2,7 степени според Рихтер со епицентар недалеку од Маркушевац, каде интензитетот беше од 3 до 4 степени.