Вицепремиерот Бујар Османи и среде светска војна со коронавирусот не се откажува од почеток на преговорите со ЕУ.
Османи на својот профил на Фејсбук порача дека иако сега имаме други грижи не треба да заборавиме дека денешниот ден го чекаме 15 години.
– Само 12 часа до големата одлука на Европската унија за почеток на преговори. Разбирам дека имате други грижи сега, но го чекавме овој ден 15 години, 11 пати сме одбиени и сега ги живееме последните часови на чекање.
Короната ќе помине, но утрешната одлука ќе ги промени животите на секој поединец и секое семејство!- порача Османи.