МИЦКОСКИ: Кога кај Спасовски им реков дека се потребни мерки, ми рекоа – ти да не се секираш!

/ 27.03.2020

ВМРО-ДПМНЕ уште пред да се прогласи пандемија како партија предлагала сет на мерки за заштита на здравјето на граѓаните, но и за помош на економијата, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата Трилинг на 24 Телевозија. Во контекст на улогата и активностите на партијата во врска со состојбата со корона вирусот, Мицксоки објасни и зошто прво барал кризна, а потоа вонредна состојба.

-Ние имавме состанок во владата организиран од техничкиот премиер. На тој состанок јасно и гласно кажав кои се нашите ставови за состојбата во тој момент, а истата во тој момент не беше ескалирана, немаше пандемија. Јас тогаш спомнав и за економските последици што ќе следат. На 26 февруари претседателот на Комисијата за здравство, Синиша Стојаноски имаше прес на кој предложи сет на мерки што треба да ги преземе државата. Тогаш немаше пандемија само беше прашање на ден кога ќе ескалира ситуацијата со корона вирусот, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека партијата многу порано, пред да се прогласи пандемија предлагаше сет мерки како здравствено-санитарни, така и економски.

-На средбата кај техничкиот премиер кога не беше прогласена пандемија, јас изразив загриженост за економските последици, а добив одговор дека јас не треба да се грижам и дека истиот ден ќе имаат состанок и ќе излезат со пакет мерки, посочи Мицкоски.


Од истата категорија