Нашите баби и дедовци се бореа за слобода, нашите мајки и татковци за незавиност, а нашата битка беше за членство во НАТО… Денешниов датум ќе влезе во учебниците по историја, изјави вицемремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, по повод влегувањето на Македонија во НАТО.

Оваа изјава Шекеринска ја даде по повод депонирањето на инструментот за ратификација на Северноатлантскиот договор во американскиот Стејт департмент.

Во прилог е видеото и целата изјава на Шекеринска.