Загреб попладнево беше најзагаден град според параметрите на швајцарската станица IQ Air, која го споредува квалитетот на воздухот.

Белград и Скопје го делат петтото место со еднаков степен на загаденост.

Официјалната веб-страница на хрватскиот институт за екологија покажува дека квалитетот на воздухот е многу слаб во Осијек, Зољан кај Нашице, Сисак и Копачки Рит, објави порталот Индекс.