Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вечерва објави „динамична“ фотографија со министерот за здравство Венко Филипче, под која напиша загонетна и недовршена мисла:

– Некогаш, другар мој, ќе раскажуваме на внуците… Што би рекол ти…, објави Шилегов на Фејсбук.

Останува нејасно што ќе им раскажуваат на внуците: за скопскиот трамвај на гуми, за тунелот под Кале, за нечујните авиони, за новите градски автобуси што требаше да стигнат месецов, за веловоз, за…

Или ќе раскажуваат дека „здравството ни е во одлична кондиција“, како што би рекол Филипче, ќе им раскажуваат како во сиромашна Македонија се откривал коронавирусот со најскапи тестови, за тендери во здравството…

Шилегов остави недовршена мисла и многу дилеми „што ли ќе им раскажуваат Петре и Венко на внуците“!?

(Д.Г.)