Претседателот на оперативниот штаб за справување со криозата во Бугарија, генерал Мутафчиски, на вчерашната прес конференција подробно ја објасни бугарската стратегија со тестирање, но даде и целоесен отчет за тоа колку пари ќе се птрошат за тетсови и колку лица планираат да тестират секој месец.

Првиот вид тестови кои во овој момент се најдобри според СЗО, PCR тестовите, се тестови кои се бавни и бараат апарутура и добро обучен персонал, истакна Мутафчиски. При целосен капацитет, бугарските лаборатории можат да тестираат 1000-1200 случаи дневно.

Тоа, според Мутафчиски, значи дека од овој тест кој се смета за најсигурен, односно за „златен стандард“ во тестирањето за Ковид 19, на Бугарија месечно и требаат 30 000 примероци за кои ќе плати вкупна цена од 930 000 лева за еден месец. Тоа значи дека Бугарите за еден тест, кој се користи и во Македонија, ќе платат по 31 лев или 15,5 евра. Значи – 950 денари по тест.

Во нарачката кон Еврокомисијата, за Бугарија биле одделени 600 000 такви тестови.

Но Бугарија се подготвува и за втор начин на тестирање. Тоа е тестирање на брз начин, при што одново се зема брис, а се бараат антитела. Резултат се добива за пет минути. Бугарија планира на тој начин да тестира по околу 10 000 лица дневно, за тоа и се потребни околу 10 милиони лева месечно. Груба пресметка покажува дека еден таков тест исто така ќе чини окоу 15 евра. Сигурноста на овие тестови, според Мутафчиев е околу 70 отсто, но целта е според него е, после пикот на епидемијата, да се види колку Бугари евентуално развиле имунитет и можат слободно да се движат.

Инаку, Бугарија порачала и од Кина еден милион тестови заедно со над еден милион маски и 50 респираторни машини, откако Борисов разговарал по телефон со негиот кинески колега.