Шпанска принцеза почина од коронавирус

/ 29.03.2020

Шпанската принцеза Марија Тереза (87) од кралското семејство Бурбон-Парма почина откако се зарази со коронавирус.

Братот на принцезата, 79-годишниот принц Сикстус Хенри од Бурбон-Парма, ја потврди веста за медиумите. Марија Тереза е една од 5.000 смртни случаи на коронавирус досега во Шпанија.

Родена е во 1933 година во Париз како едно од шестте браќа и сестри. Никогаш не се омажила и немала деца.

Неодамна беше објавено дека од коронавирусот се заразил и британскиот принц Чарлс, но дека тој има благи симптоми.


Од истата категорија