Во Лондон умре 13-годишно дете кое било позитивно на коронавирус, соопшти болницата „Кингс колеџ хоспитал“.
Весникот „Дејли мејл“ наведува дека Исмаил Мохамед Абдулвахаб од Лонодн починал вчера во оваа болница и дека засега не е познато дали имал и други здравствени проблеми.
„За жал умре 13-годишно дете кое беше позитивно на Ковид-19 и сега сите наши мисли се со неговото семејство во овој момент, на кое му упатуваме сочуство“, се наведува во соопштението на болницата, пренесоа британските медиуми.