Денеска по долго боледување почина Мојсеј Трајковски, брат на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој трагично го загуби животот во авионска несреќа.
Мојсеј, исто како и неговиот брат Борис Трајковски, им беше познат на струмичани како патриот кој ја сакаше својата татковина Македонија и човек кај кого добрината и љубезноста беа во нераскинлива врска.
Нека почива во мир.