Остануваме на проценката дека пикот на кризата со коронавирусот очекуваме да биде на крајот од овој месец со 2.000 инфицирани лица, изјави министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на ТВ Алсат.
– Овие калкулации зависат од почитување на препораките, од почитување на мерката за самоизолација на потенцијалните заразени, но зависи и од бројот на асимптоматски пациенти, додаде Филипче.
Тој рече дека искуството говори оти само онаму каде што постои голема дисциплина здравствениот систем може да одговори на овој предизвик.