Речиси секој ден во полицискиот билтен има пријави за нападнати и искасани граѓани од кучиња.

Последниот случај бил пријавен на 5 април во 15 часот во Полициската станица Аеродром. Таму З.З.(55) од Скопје пријавил дека на ул. „23 Октомври“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Пред два дена, сведоци бевме, на случај во скопската населба кога глутница кучиња во паркот на булеварот В. С. Бато карши ТЦ Лиса, нападнаа ќена и ја легнаа во тревата. За среќа таа беше присебна и се спаси иако во близина немаше граѓани да и притекнат на помош. Нејзиниот случај сигурно не е влеен во билтенот на МВР.

Но, во јавноста многу се погласни реакциите кога несовесен граѓанин ќе нападне кучиња, а премолчено поминуваат секојдневните вести за нападнати луѓе од кучињата скитници. Кучињата треба да се штитат од несовесни граѓани, но мора да се најде решение и за безбедноста на граѓаните која им е загрозена.

Пред неколку дена и дете беше нападнато и искасано од кучиња во Скопје.