Како што можете да видите од табелите, Македонија има најмногу смртни случаи кои се поврзани со корона вирусот – 12, во однос на сите соседи. Најмалку има Бугарија, со 3 смртни слачи на еден милион жители, Албанија и Грција имаат по осум, а Србија има седум смртни случаи на еден милион жители.
Кко вкупна бројка, имаме 26 мртви, што е повеќе од Албанија која има 22 и Бугрија која има 23 починати. Грција има 77 починати, но има 10 милиони жители, а Србија 61 починат.
Имаме и најмногу заразени на еден милион жители, но истовремено имаме и најмногу тестирани, иако двете бројки не се во корелација. Бројот на тестирани кај нас е 2 822 на еден милион жители, Грција 2 513, Бугарија 2 288, Србија има 1 102 и Албанија само 957 тестирани на еден милион жители.
Извор Ворлдметар