Продолжување на италијанскиот фудбалски шампионат во позадина на пандемијата на коронавирусот е малку веројатно.
Ова мислење го изрази заменик-министерот за здравство Пјерпаоло Силери, цитиран од спортскиот новинар на „БеИН“, Танкреди Палмери.
Палмери претходно изјави дека владата на земјата планира да забрани натпревари во Италија во присуство на гледачи до јануари 2021 година.
– Малку е веројатно дека првенството ќе се продолжи во сегашната ситуација, истакна Силери.
Шампионатот во Италија беше суспендиран на почетокот на март во врска со ширењето на коронавирусот. Претседателот на италијанската фудбалска федерација веќе рече дека турнирот хипотетички би можел да се продолжи на 17 мај. Тој не ја исклучи можноста за продолжување на шампионатот во септември-октомври.
Во Серија „А“ тимовите одиграа 25-26 натпревари од закажаните 38. Лидер е Јувентус со 63 бода, следен од Лацио со 62 и Интер со 54. Турнирот во Купот на Италија беше прекинат во полуфиналната фаза.