Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба откри дека како дете бил обожавател на друг англиски тим – Арсенал.

Причината за ова е неговиот сонародник Тиери Анри. Легендарниот напаѓач на „топџиите“ бил меѓу идолите на Погба, како и Роналдињо, Роналдо и Зинедин Зидан.

– Да бидам искрен. На почетокот бев обожавател на Арсенал. Причината беше сите француски репрезентативци кои добро ги познавате. Јас и еден од моите браќа навивавме за Арсенал, но другиот брат ми беше обожавател на Манчестер Јунајтед. Го сакав Анри и заради него тогаш се предомислив и се придружив на мојот друг брат, кој беше обожавател на Јунајтед , рече Пол Погба.

Тој стана дел од Манчестер Јунајтед за прв пат во 2009 година, кога имаше 16 години.